Алтун: Длабоко сме загрижени од лошото постапување против мигрантите и употребата на смртоносна сила против нив

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун рече: „Чувствуваме длабока загриженост од лошото постапување на грчките безбедносни сили и пограничните единици против мигрантите и од употребата на смртоносна сила против нив

1373894
Алтун: Длабоко сме загрижени од лошото постапување против мигрантите и употребата на смртоносна сила против нив

Турција соопшти дека чувствува длабока загриженост од лошото постапување на грчките безбедносни сили и пограничните единици против мигрантите и од употребата на смртоносна сила против нив.

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун на американскиот телевизиски канал „CNN International“ одговараше на тврдењата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Велејќи дека децидно се отфрлуваат обвинувањата на Мицотакис, Фахреттин Алтун рече: „Чувствуваме длабока загриженост од лошото постапување на грчките безбедносни сили и пограничните единици против мигрантите и од употребата на смртоносна сила против нив. Турција како земја која е домаќин на најголем број мигранти во светот одигрува задача на ѕид против нерегуларните мигрантски бранови кои доаѓаат од Сирија и од други места.“

Алтун нагласи дека Европската унија (ЕУ) не ги одржа своите ветувања за материјална поддршка и доброволно прифаќање коишто ги даде во договорот за мигранти од 2016 година.

„На крајот на тоа Турција своите ресурси наместо да ги искористи за стопирање на мигрантите кои заминуваат за Европа, ги усмери кон пречекување на евентуалниот бран којшто би можел да дојде од подрачјето на Идлиб, во Сирија. Нашата препорака до Грција и до меѓународната заедница е наместо да обвинуваат некого, да ја сопрат граѓанската војна во Сирија која лежи во основата на нерегуларната миграција.“



Слични вести