Во рамките на операцијата „Пролетен штит“ на ТВС загинаа уште 2 војници

Веднаш по нападите, со посредство на вооружените беспилотни летала (СИХА) беа уништени 2 топа и повеќецевни ракетни фрлачи, а исто така беа неутрализирани 21 војник на режимот

1373066
Во рамките на операцијата „Пролетен штит“ на ТВС загинаа уште 2 војници

Во рамките на операцијата „Пролетен штит“ на Турските вооружени сили (ТВС) за воспоставување мир и спокојство во Идлиб во Сирија  загинаа уште 2 војници, додека 3 беа повредени.

ВО соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато следното:

„Во огнот што беше отворен од страна на силите на режимот во сириското подрачје Пролетен штит загинаа уште 2 херои другари по оружје, додека 3 херои другари по оружје беа повредени“.

Во соопштението се истакнува дека веднаш по нападите, со посредство на вооружените беспилотни летала (СИХА) беа уништени 2 топа и повеќецевни ракетни фрлачи, а исто така беа неутрализирани 21 војник на режимот.



Слични вести