Октај: За стопирање на крвопролевањето во Идлиб Русија треба да го исполни она што ѝ се паѓа

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека за стопирање на крвопролевањето во подрачјето на Идлиб се очекува од Русија да го исполни она што ѝ се паѓа како гаранторска земја

1373669
Октај: За стопирање на крвопролевањето во Идлиб Русија треба да го исполни она што ѝ се паѓа

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава во градот Мерсин, во врска со постигнатиот прекин на огнот во Идлиб помеѓу Турција и Русија го рече следното: "Постигнатиот дополнителен меморандум за време на посетата на нашиот претседател на Русија повторно им придаде живот на процесите од Астана и Сочи."

Октај истакна дека за стопирање на крвопролевањето во подрачјето на Идлиб во Сирија се очекува од Русија да го исполни она што ѝ се паѓа како гаранторска земја.

Во врска со мигрантите пак, кои од Едирне преку Грција се обидуваат да заминат во Европа, потпретседателот Фуат Октај рече дека отворено се гледа зулумот што го врши Грција врз невините ранливи и беспомошни луѓе.

Октај го додаде следното: "Со кои вредности со коишто се фали Европа се истоветуваат гас бомбите што се фрлаат врз децата, куршумите коишто се пукаат врз беспомошните мигранти? Од една страна ја има Турција која ги загрижува (зема во својата прегратка) сите кои се засолнуваат во неја без притоа да прави никаква верска или етничка поделба меѓу луѓето, а од друга се оние кои избегнуваат од праведно споделување на товарот, непријателите против мигрантите и човештвото."



Слични вести