Министерот Сојлу: Бројот на мигрантите кои преминаа во Грција изнесува над 142 илјади лица

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на Твитер напиша: „Заклучно со 12.10 часот бројот на мигрантите кои напуштајќи ги териториите на Турција од Едирне преку Марица преминаа во Грција изнесува 142.175 лица“

1373403
Министерот Сојлу: Бројот на мигрантите кои преминаа во Грција изнесува над 142 илјади лица

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со бројот на мигрантите кои заминаа од Турција истакна дека заклучно со 12:10 часот по турско време од Едирне за Грција преминаа 142.175 мигранти.

Министерот Сојлу напиша: „Заклучно со 12.10 часот бројот на мигрантите кои напуштајќи ги териториите на Турција од Едирне преку Марица преминаа во Грција изнесува 142.175 лица.“

Од друга страна пак, екипите на грчката крајбрежна стража се обидоа да спречат еден чамец на кој се наоѓаа мигранти кои сакаа да излезат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

Според изјавата на мигрантите кои вчера во вечерните часови со гумен чамец пристигнале на брегот Скала Сикаминеа на островот Лезбос (турски Мидилли) биле спречени од страна на екипите на грчката крајбрежна стража кои отвориле оган врз нивниот гумен чамец и создавајќи бранови се обиделе да го сопрат гумениот чамец.

Мигрантите кои пристигнале на брегот Скала Сикаминеа на островот и покрај дождот и студеното време биле приморани ноќта да ја поминат на брегот.

Мигрантите кои измокрени од глава до петици стапнале нога на брегот до утрото се обиделе да се заштитат од студеното време со само едно ќебе коешто им било дадено од страна на грчките екипи.

Сега мигрантите чекаат што поскоро да бидат однесени на безбедно место.



Слични вести