Ердоган: „Постигнатото примирје во Идлиб обезбеди значајни придобивки“

Нашата цел е да функционира резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите Нации во врска со политичкиот процес и окончување на граѓанската војна во Сирија

1373458
Ердоган: „Постигнатото примирје во Идлиб обезбеди значајни придобивки“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека постигнатото примирје во Идлиб во Сирија согласно договорот меѓу Турција и Русија обезбеди значајни придобивки.

На враќање од посетата на Москва, претседателот Ердоган направи проценка на посетата и одговараше на прашањата на новинарите во авионот.

Во врска со примирјето во Идлиб, претседателот Ердоган рече:

„Ќе бидеме спремни наспроти сите евентуалните прекршувања и напади на режимот. Ако некаде се појави некоја пукнатина, веднаш ќе интервенираме.

Нашата цел е да функционира резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите Нации во врска со политичкиот процес и окончување на граѓанската војна во Сирија, поради што на пат за Москва имавме во план да го постигнеме примирјето и тоа успеавме да го направиме“.

Во врска со набљудувачките пунктови во Идлиб, претседателот Ердоган рече дека не станува збор за никакви промени.

„Состојбата во Идлиб не е проблем меѓу Русија и Турција.

Ние не сме во директна конфронтација со Русија. Пред нас се наоѓа режимот“.

Во врска со мигрантите и бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, Ердоган рече:

„Моментално немаме време за дискутирање на проблемот со Грција. Таа работа заврши. Мигрантите ќе одат колку што можат. Ние не ги тераме присилно од нашата земја.

Запад е дволичен кога станува збор за мигрантите.

На Грција веднаш и ветија помош од 700 милиони евра помош. Што е потрагично, германската канцеларка Ангела Меркел ни вети 25 милиони евра, ама нема никаков глас од тоа.“

Во врска со воздушно-одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија, претседателот Ердоган рече дека целиот систем е откупен и почнувајќи од април ќе почне да функционира.

На вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин имавме можност да размениме мислења и во врска со случувањата во Либија, поради што и во врска со процесот во Либија очекуваме слични чекори и резултати на оние во врска со Идлиб.



Слични вести