Чавушоглу со критика против Грција која го суспендира меѓународното право и правото на ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу остро го критикуваше ставот што го применува Грција против мигрантите во врска со што рече: „Грција која е членка на Европската унија (ЕУ) го суспендира меѓународното право и правото на ЕУ“

1373006
Чавушоглу со критика против Грција која го суспендира меѓународното право и правото на ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут во дадената изјава за германскиот весник „Билд“ истакна дека Грција го суспендира меѓународното право и правото на Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу рече: „Милиони луѓе се принудуваат на иселување во Сирија и доаѓаат кон нашите граници. Блискиот исток е сосед и не е толку далеку колку што мислите. Случувањата влијаат и на Европа.“

Мевлут Чавушоглу остро го критикуваше ставот што го применува Грција против мигрантите во врска со што го рече следното: „Грција која е членка на Европската унија (ЕУ) го суспендира меѓународното право и правото на Европската унија (ЕУ). На копно и во морето отвора оган врз мигрантите кои се засолнуваат на нејзините граници и постапува нечовечно (нехумано) кон нив, ги потопува нивните чамци, ги напаѓа со солзавец, уби 3 лица, а голем број лица рани.“

Чавушоглу напомена дека и покрај тоа што Турција го носи целиот товар како актер во подрачјето на Идлиб во Сирија, некои постојано во себе го наоѓаат правото да ја критикуваат. 

„Да се вели 'мигрантите да не доаѓаат кај нас, Турција нека се грижи за нив', претставува неодговорност и тоа веќе не го прифаќаме. Нашата земја не може самата да го сноси овој товар. Не е чесно и пристојно тоа да се оценува како закана, уцена или политички маневар." - истакна министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата изјава за германскиот весник „Билд“.



Слични вести