Турските безбедносни сили започнаа нова антитерористичка операција во рамките на операцијата „Стапица-3“

Во операцијата учествуваат 58 тимови составени од 845 припадници на безбедносните сили меѓу кои се наоѓаат припадници на градската команда на жандармеријата, градската дирекција на полицијата и безбедносни чувари

1372728
Турските безбедносни сили започнаа нова антитерористичка операција во рамките на операцијата „Стапица-3“

Од страна на Министерството за внатрешни работи во рамките на операцијата „Стапица-3“ („Kapan-3“) којашто продолжува против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во подрачјето на градот Хаќќари, во југоисточниот дел на земјата, е започната нова антитерористичка операција во Долината Казан.

Во објавеното соопштение од губернијата на Хаќќари се информира дека вчера е започната операцијата „Стапица-3“ („Kapan-3“), а соц ел спречување на подготвоките за пролет на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, утврдување и доведување во неупотреблива состојба на областите коишто терориститите ги користат како засолништа, скривници, како и магацините и местата за нивно засолнување.

Во соопштението се истакнува дека во операцијата учествуваат 58 тимови составени од 845 припадници на безбедносните сили меѓу кои се наоѓаат припадници на градската команда на жандармеријата, градската дирекција на полицијата и безбедносни чувари.

„Во реализираните пребарувања во 3 утврдени скривници во рамките на операцијата којашто се спроведува во областа на Долината Казан кај населеното место Чукурџа во подрачјето на нашиот град (Хаќќари) се запленети 1 ракета АТ-4, 496 парчиња муниција за тежок митралез ДШК, 980 куршуми за ппешадиска пушка калашников АК-47, 2 шаржери, осмица блок за батерии, како и одредена количина на храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. Судската истрага по прашањето продолжува.“ - се вели во соопштението на губернијата на Хаќќари.



Слични вести