Сулејман Сојлу: На границата со Грција испративме 1.000 специјалци за спречување на туркањето назад на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави во Едирне дека на границата со Грција ќе бидат испратени 1.000 припадници на специјалните полициски сили за спречување на туркањето назад на мигрантите од страна на грчките безбедносни сили

1372907
Сулејман Сојлу: На границата со Грција испративме 1.000 специјалци за спречување на туркањето назад на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека на границата на реката Марица (Мерич) се испратени 1.000 припадници на специјалните полициски сили, а како што рече за да се спречи туркањето назад на мигрантите од страна на грчката полиција. 

Министерот Сојлу денеска во Едирне откако ја надгледа од воздух со хеликоптер раздвиженост на мигрантите и областа на турско-грчката граница, доби брифинг од надлежните во губернијата. 

Потоа Сулејман Сојлу даде изјави за печатот и истакна дека заклучно со утрово од Едирне за Грција преминаа 139.070 лица. 

Тој рече дека грчките безбедносни сили за да би ги спречиле семејствата да преминат во Грција во сериозна мера ги тепале особено децата. 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека поради острата интервенција на грчката страна досега на границата животот го загубија тројца мигранти, а 164 лица се повредени.

Потсетувајќи дека Грција минатата година по желба прими 7.300, а претходната година 7.600 членови на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО кои без никакви попречувања избегаа (преминаа) во оваа земја, Сојлу истакна дека тие кои не кренаа ниту најмал глас на тоа, денеска се однесуваат потполно во спротивност со човековите права против оние кои бараат засолнување во оваа земја, што пак претставува нивно основно човечко право.

"Заклучно со утрово овде (на границата на реката Марица) испративме 1.000 целосно опремени припадници на специјалните полициски сили, а со цел да се спречи туркањето назад и тие таму заедно со нивните чамци зодијак веќе нема да им пружаат можност на оние кои постапуваат лошо против луѓето таму. Би сакал да го истакнам тоа дека ги презедовме нашите мерки во неопходен степен." - порача министерот за внатрешни работи.



Слични вести