Претседателот Ердоган замина за Москва на средба со рускиот претседател Путин

Претседателот Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Анкара Васип Шахин, шефот на полицијата во Анкара Сервет Јилмаз и други високи функционери

1372452
Претседателот Ердоган замина за Москва на средба со рускиот претседател Путин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган замина во еднодневна работна посета на Русија.

Претседателот Ердоган од аеродромот Есенбога во Анкара беше испратен од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Анкара Васип Шахин, шефот на полицијата во Анкара Сервет Јилмаз и други високи функционери.

Во придружба на претседателот Ердоган за Москва заминаа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, портпаролот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик и потпретседателот на партијата Махир Унал.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во Москва ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

На средбата, покрај билатералните односи помеѓу Турција и Русија ќе биде разговарано и ќе бидат разменети мислења поготово во врска со последните случувања и ситуцијата во Сирија, а на чело на подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на оваа земја.



Слични вести