Поддршка од идејните водачи на Џераблус на операцијата Пролетен штит во Идлиб

Голем број претставници на граѓански организации и идејни водачи кои се состанаа со зградата на локалното собрание на градот Џераблус на северот на Сирија, читаа дови (молитви) за војниците на задача во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб

1372163
Поддршка од идејните водачи на Џераблус на операцијата Пролетен штит во Идлиб

Идејните водачи во подрачјето на градот Џераблус во северниот дел на Сирија кое со реализираната операција на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) Еуфратски штит беше исчистено од тероризмот, ја изнесоа својата поддршка на операцијата Пролетен Штит во подрачјето на Идлиб, во северозпаадниот дел на Сирија.

Голем број претставници на граѓански организации и идејни водачи кои се состанаа со зградата на локалното собрание, читаа дови (молитви) за војниците на задача во операцијата Пролетен штит.

Потоа во име на собраните идејни водачи говореше претседателот на локалното собрание на Џераблус Абит Халил кој истакна дека поради нападите на Асадовиот режим во Идлиб и во Алепо повеќе од 4 милиони Сиријци се соочуваат со геноцид.

Абит Халил напомена дека кога целиот свет би требало да го повиши својот глас против зулумот што се врши против овој зулум се слуша само гласот на турскиот народ.

„Сирискиот народ ја покани во Сирија, Република Турција како чеда на иста географија и иста историја, да застане против овој геноцид и да застане во наша одбрана... И придаваме многу големо значење на операцијата Пролетен штит којашто ја започна Република Турција за спасување од геноцид на милиони цивили и посакуваме оваа операција да продолжи. Ги повикуваме арапските држави, Обединетите нации (ОН), Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), Европската унија (ЕУ) и сите организации за човекови права за поддржување на операциите на турските војници со цел спасување на сирискиот народ од зулумот (суровоста) на Асад. Му се молиме на Аллах операцијата Пролетен штит да стане повод за ставање крај на долгогодишните мрачни денови, да и донесе пролет на нашата земја и да биде повод за нов почеток во Сирија. На шехидите (загинатите војници) на големата турска армија и сириската револуција им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“ - рече претседателот на локалното собрание на Џераблус Абит Халил.



Слични вести