Операција Пролетен Штит во Идлиб: Во последните 24 часа се неутрализирани уште 184 режимски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека операцијата Пролетен штит продолжи успешно од копно и од воздух и синоќа во текот на ноќта во чии рамки во последните 24 часа се неутрализирани уште 184 режимски војници

1372316
Операција Пролетен Штит во Идлиб: Во последните 24 часа се неутрализирани уште 184 режимски војници

Во рамките на операцијата Пролетен штит којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) за вопоставување на спокојството во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во последните 24 часа се неутрализирани уште 184 војници на режимот.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека операцијата продолжи успешно од копно и од воздух и синоќа во текот на ноќта.

„Во последните 24 часа се уништени 4 тенка, 5 топови/повеќецевни ракетни фрлачи, 8 воени возила, 2 наоружани пикапи со тешки митралези ДШК и 2 оклопни борбени возила, а се неутрализирани и уште 184 режимски војници.“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести