Ердоган: „Примирјето во Идлиб ќе стапи на полноќ“

Ердоган и Путин одржаа заедничка прес конференција

1372961
Ердоган: „Примирјето во Идлиб ќе стапи на полноќ“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека вечер на полноќ во Идлиб во Сирија ќе настапи примирје.

Заврши критичната средба во врска со Сирија меѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

По средбата, Ердоган и Путин одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган рече дека разговорите траеја 6 часа и дека неприфатливо е 4 милиони жители на Идлиб да се прогласат за терористи и да бидат изложени на тешко бомбардирање. Околу 1,5 милион Сиријци кои побегнаа од режимот се засолнаа во близината на нашата граница. Секако дека Турција не може да остане со скрстени раце наспроти една ваква ситуација.

Првостепената одговорност за случувањата во зоната за деескалација во Идлиб е режимот во Сирија кој го прекрши меморандумот од Сочи и се насочи кон нарушување на регионалната стабилност.

Неминовно е формирање нов статус на Идлиб особено по последните тажни случувања што се случија по нападот на силите на режимот врз нашите војници.

Почнувајќи од вечер по полноќ во Идлиб ќе настапи примирје.

Турција во текот на целиот овој процес има дискреционо право на одговор на сите напади на режимот“ рече претсдетаелот Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин во својство на домаќин на средбата рече:

„Секогаш успевавме да постигнеме согласност врз основа на постигнатите меморандуми особено во врска со критичните ситуации. Можевме да изнаоѓаме решение. И денес се случи истото.“

Путин во продолжение рече дека заедно со претседателот Ероган изготвиле документ кој ќе биде од корист за окончување на маките на цивилите, постгнување примирје и напредок за доставување на хуманитарната помош.

Владимир Путин меѓудругото му се заблагодари на претседателот Ердоган за посетата и годинашнава трета средба.

Нешто потоа, документот околу чија содржина се работеше цел ден беше прочитан од страна на министрите за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и Сергеј Лавров.

Со документот се предвидува да се воспостави примирје во Идлиб и да се прекинат сите воени активности, да се формира безбедносен коридор во длабочина по 6 км по северната и јужната страна на автопатот М4. Заедничките турско-руски патроли повторно ќе започнат на 15 март.



Слични вести