Ибрахим Калин: Во Москва одиме со надеж да се постигне спогодба со заедничко разбирање

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин по состанокот на кабинетот под претседателство на претседателот Ердоган одржа прес конференција на која информираше особено во врска со денешната значајна посета на претседателот Ердоган на Москва

1372105
Ибрахим Калин: Во Москва одиме со надеж да се постигне спогодба со заедничко разбирање

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа прес конференција. 

Калин, во врска со денешната посета на претседателот Ердоган на Москва кадешто ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, го рече следното: „Одиме со надеж да се постигне спогодба со заедничко разбирање, во рамките на случувањата во Идлиб (Сирија).“

Портпаролот Ибрахим Калин продолжи со следните зборови: „Нашата основна рамка во Москва е под итно да се постигне прекин на огнот во рамките на потпишаниот меморандум за Идлиб со Руската Федерација (во 2018 година).“

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со Советот за безбедност. 

Во објавеното соопштение од прес центарот на претседателскиот дворец Кремљ е соопштено дека претседателот Путин го свикал на состанок Советот за безбедност на земјата.

Во соопштението се истакнува дека на состанокот било разговарано за ситуацијата во Идлиб и се вели следното: „Освен тоа, покрај билатералните односи помеѓу Русија и Турција, беа разгледани и подготовките во врска со посетата што ќе ја оствари (денеска) претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган на Москва.“



Слични вести