Француски Л'Опинион: Турција ги престигна земјите како што е и Франција во сферата на наоружаните беспилотни летала

Францускиот весник „Л'Опинион“ напиша дека Турција во подрачјето на Идлиб, во Сирија, реализира операција во стандардите на НАТО, со што покажа и докажа дека во сферата на наоружаните беспилотни летала (СИХА) ги престигна земјите како што е и Франција

1372586
Француски Л'Опинион: Турција ги престигна земјите како што е и Франција во сферата на наоружаните беспилотни летала

Турција која 10 години како ги разви и подобри капацитетите на својата национална индустрија ги престигна земјите како што е и Франција во сферата на наоружаните беспилотни летала (СИХА).

Во веста објавена од страна на францускиот весник „Л'Опинион“ (L'Opinion) се истакнува дека Турција ја реализира операцијата Пролетен штит за да го спречи заземањето на Идлиб од страна на Асадовиот режим.

Во веста се вели дека Турција реализира операција во стандардите на НАТО и се истакнува следното: „Една недела како турската Армија на впечатлив начин ги демонстрира своите капацитети и способности по прашањето на наоружаните беспилотни летала (СИХА). Турција 10 години како ги развива капацитетите на својата национална индустрија. Јасно стои дека Турција во оваа сфера ги престигна земјите како што е и Франција.“

Во веста се подвлекува дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) се помали од оние кои ги користи француската Армија, но се поефикасни и со поевтини трошкови.

„Во Турција моментално се произведуваат посилни наоружани беспилотни летала (СИХА)“, се вели во веста и се подвлекува  дека турската Армија благодарение на своите капацитети во сферата на електронското војување, стави до знаење дека може да реализира операции без поддршка на Русите.



Слични вести