Бројот на мигрантите кои преминаа во Грција заклучно со утрово изнесува над 138 илјади лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска заклучно со 09:00 часот по турско време бројот на мигрантите кои ги напуштија териториите на Турција и преминаа во Грција изнесува 138.647 лица

1372571
Бројот на мигрантите кои преминаа во Грција заклучно со утрово изнесува над 138 илјади лица

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу допатува на аеродромот Чорлу од кадешто замина кон границата со Грција и беше во посета на граничните премини Пазаркуле на турската страна и Кастаниес на грчката страна на границата.

Министерот Сојлу од Чорлу за Едирне замина со хеликоптер и притоа ја надгледа турско-грчката граница кадешто се доживува голема раздвиженост поради доаѓањето на голем број нерегуларни мигранти на границата за да заминат за Европа.

Голем број мигранти кои сакаат да заминат за Европа продолжуваат да преминуваат во Грција особено преку реката Марица која воедно ја зацртува и турско-грчката граница.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска заклучно со 09:00 часот по турско време бројот на мигрантите кои ги напуштија териториите на Турција и преминаа во Грција изнесува 138.647 лица.

Во морето во близина на населеното место (познатото туристичко одморалиште) Кушадаси кај градот Ајдин пак, од страна на екипите на турската крајбрежна стража беа спасени 130 мигранти качени на 3 чамци кои од страна екипите на грчката крајбрежна стража биле „туркани назад“ кон територијалните води на Турција.



Слични вести