Алтун: „Турција не може да остане со скрстени раце наспроти катастрофата во Сирија“

Сите оние коишто го поддржуваат овој режим треба да бидат свесни дека ќе бидат причина за поголема нестабилност и опасност за регионот

1372629
Алтун: „Турција не може да остане со скрстени раце наспроти катастрофата во Сирија“

Директорот на дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун рече дека „Турција не може да остане со скрстени раце наспроти човечката катастрофата во Сирија“.

Во објавата на англиски преку профилот на твитер, Алтун истакна дека режимот на Асад е одговорен за раселувањето и протерувањето на милиони лица од родните места во Сирија, воените злосторства, нападите со хемиско оружје, тероризмот и регионалната нестабилност.

„Агресивниот став на режимот во Идлиб јавни ни покажа дека не е доверлив, дека треба да се спречи и да се осуди и да ја сноси одговорноста за сето она што го стори. Од 2011 година кога режимот ја започна граѓанската војна, ги прекрши сите договори, ги уби своите граѓани и ги прекрши сите морални вредности.

Сите оние коишто го поддржуваат овој режим треба да бидат свесни дека ќе бидат причина за поголема нестабилност и опасност за регионот.

Турција согласно начелата постигнати на преговорите во Астана и Сочи со Русија и Иран се обидува да ги спроведе во дело зоните за деескалација. Режимот под различни и неоправдани изговори продолжува да врши напади врз цивилите и се обидува да ја преземе контролата над Идлиб поради што ги прекршува одредбите на постигнатите договори. Турција нема да отстапи од постигнатите договори и на подмолниот режим нема да му дозволи да продолжи со убивањето на невините цивили или пак истите да ги протера кон нашите граници. Актуелниот режим ги надмина сите мерки и е причина за хаосот о уривањата во областа. Турција не може да остане со скрстени раце наспроти случувањата и да биде нем набљудувач на истите“ рече Алтун.



Слични вести