Потпретседателот Фуат Октај го прими високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел

На приемот во Дворецот Чанкаја во Анкара беа детално разгледани случувањата во Сирија, човечката криза во Идлиб и прашања во врска со мигрантите

1372056
Потпретседателот Фуат Октај го прими високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел

Потпретседателот Фуат Октај го прими високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија (ЕК) Жозеп Борел и делегацијата во негова придружба.

На приемот во Дворецот Чанкаја во Анкара беа детално разгледани случувањата во Сирија, човечката криза во Идлиб и прашања во врска со мигрантите.

Во оваа пригода, беше разгледана и постигнатата спогодба меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) на 18 март 2016 година со којашто се опфатени прашања како што се мигрантите, визната либерализација (за турските граѓани), заживувањето на Царинската унија (меѓу Турција и ЕУ) и преговорите за членство на Турција во Унијата.

Во тие рамки беше нагласено дека Европската унија (ЕУ) треба да ги исполни своите дадени ватувања и да преземе одговорност за праведно споделување на товарот.

На приемот, присуствуваа и заменик министерот за надворшени работи и шеф за ЕУ Фарук Кајмакчи, генералниот директор за ЕУ во министерството за надворешни работи Башак Туркоглу, генералниот директор на Управата за миграција во министерството за внатрешни работи Абдуллах Ајаз, еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич и претседателот на делегацијата на ЕУ во Турција Кристијан Бергер.



Слични вести