Нерегуларните мигранти во грчките територијални води ги спаси Турската крајбрежна стража

93 нерегуларни мигранти на 2 чамци на турските територијални води во близината на крајбрежјето на Кушадаси кај Ајдин беа спасени од страна на Крајбрежната стража на Турција

1371562
Нерегуларните мигранти во грчките територијални води ги спаси Турската крајбрежна стража

Нерегуларните мигранти кои тргнаа на пат за Европа и по морски пат сакаат да пристигнат во Грција, откако од страна на Грција беа протерани од грчките територијални води, беа спасени од страна на турската крајбрежна стража.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Командата на крајбрежната стража, група нерегуларни мигранти и бегалци кои вчера наутро од крајбрежјето на ‘ртот Кадирга кај месноста Ајваџик во Чанаккале се отворија кон морето, кога влегоа во територијалните води на Грција, беа фатени од крајбрежната стража на оваа земја.

Мигрантите кои поради бурата се соочува со тешкотии при напредувањето, од страна на грчката крајбрежна стража беа протерани кон турските територијални води.

49 мигранти од авганистанско потекло кои беа изложени на опасност од потонување, побараа помош од турската крајбрежна стража.

Мигрантите кои беа спасени од подрачјето во кое се наоѓаа, нешто потоа беа пренесени во командата на караулата на крајбрежната стража во Ќучуккују.

Од друга страна пак, 93 нерегуларни мигранти на 2 чамци на турските територијални води во близината на крајбрежјето на Кушадаси кај Ајдин беа спасени од страна на Крајбрежната стража на Турција.

2 гумени чамци со нерегуларните мигранти кои од населбата Давутлар сакаа да преминат во Грција, од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати кон турските територијални води.

По помошта која ја побараа мигрантите на чамците, кон подрачјето беа насочени екипите на турската крајбрежна стража.

Екипите на двата чамци спасија 74 од авганистанско и 19 нерегуларни мигранти од сириско потекло.

28 од нерегуларните мигранти кои беа спасени беа деца, а 10 жени.



Слични вести