Министерството за национална одбрана: Во Идлиб загинаа двајца турски војници

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во нападот на режимските сили станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 6 војници се ранети

1371350
Министерството за национална одбрана: Во Идлиб загинаа двајца турски војници

Во операцијата Пролетен штит којашто се спроведува за воспоставување на мирот и спокојството во подрачјето на Идлиб, во северопзападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 6 војници се ранети.

Во објавеното соопштение од Минситерството се истакнува дека во нападот на режимските сили станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 6 војници се ранети.

„Од почетокот на операцијата досега се неутрализирани 3.138 режимски војници и се уништени 3 воени авиони, 8 хеликоптери, 3 беспилотни летала, 151 тенк, 47 топови/хаубици, 52 повеќецевни ракетни фрлачи, 8 противвоздушно одбранбени ракетни системи, 12 антитенковски оружја, 4 хаубици, 24 оклопни возила, 27 борбени оклопни возила, 34 наоружани пикапи, 60 воени возила и 10 магацини за оружје.“ - се вели во соопштението на министерството за национална одбрана.

Во соопштението се нагласува дека операциите ќе продолжат се додека не бидат скршени крвавите раце кои посегнуваат по турските војници (Мехметчик) и навините цивили. 

Инку, министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа соопшти дека во подрачјето на Идлиб во Сирија стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) беше истакнато следното: „Во огнот што беше отворен од страна на силите на режимот врз нашите војници во подрачјето на операцијата Пролетен штит, загина еден наш херојски другар по оружје, а 9 херојски другари по оружје беа ранети.“

 



Слични вести