Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја прими делегацијата на ЕУ предводена од Жозеп Борел

Средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и делегацијата на ЕУ предводена од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, се одржа во зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара

1371792
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја прими делегацијата на ЕУ предводена од Жозеп Борел

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го прими високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Џозеп Борел и делегацијата во негова придружба.

Средбата помеѓу министерот Сојлу и делегацијата на Европската унија (ЕУ) предводена од високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се одржа во зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара.

На почетокот на средбата им беше дозволено на претставниците на печатот да сликаат и да снимаат за кусо време, а потоа разговорите продолжија зад затворени врати.

На разговорите учествуваше и претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристиан Бергер.



Слични вести