Министерот Сојлу: Заклучно утрово бројот на мигрантите кои преминаа во Грција изнесува над 135 илјади лица

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја критикуваше одлуката на Грција да не прима нови барања за азил во текот на еден месец, а воедно информира дека бројот на мигрантите кои преминаа во Грција изнесува 135.844 лица

1371819
Министерот Сојлу: Заклучно утрово бројот на мигрантите кои преминаа во Грција изнесува над 135 илјади лица
suleyman soylu.jpg
yunanistan gocmenler.jpg

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја критикуваше одлуката на Грција да не прима нови барања за азил во текот на еден месец. 

Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Грција соопшти дека во текот на еден месец нема да прима нови барања за азил. Според објавеното соопштение денеска (вчера) од страна на Високиот комесарјат за бегалци на Обединетите нации (ОН), не може да се донесе една ваква одлука ѝ според Женевската конвенција од 1951 година ѝ според законот за мигранти на Европската унија (ЕУ). Оваа срамна одлука е целосно незаконска.“

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги соопшти и последните податоци за бројката на мигрантите кои заминаа од Турција.

Сојлу истакна дека заклучно со 09:00 часот по турско време бројот на мигрантите кои ги напуштија териториите на Турција и преминаа во Грција изнесува 135.844.



Слични вести