Ердоган: „Од средбата со Путин очекуваме примирје“

Бешар Асад и неговите поддржувачи со убивање на невините деца, жени и возрасни продолжуваат да го покажуваат вистинското лице

1371886
Ердоган: „Од средбата со Путин очекуваме примирје“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека од утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва очекува да се постигне примирје во Идлиб во Сирија.

Претседателот Ердоган во говорот на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција чиј претседател е самиот рече дека режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи со убивање на невините деца, жени и возрасни продолжуваат да го покажуваат вистинското лице.

Со операцијата „Пролетен штит“ која ја започнавме по интензивирањето на нападите од страна на режимот на Асад на 27 февруари, нанесовме тежок удар на режимот.

Верувам дека со последните операции уште еднаш покажавме дека не сме земја којашто не знае да војува, туку земја којашто не сака да војува.

Турција на терен излезе со цел да ја обезбеди не само својата безбедност и спокојство, туку истовремено да ги спаси и животите на невините Сиријци. Ваквата состојба претставува конкретен доказ за тоа дека во случај се повлечеме од Идлиб и другите безбедни зони, тогаш териториите на нашата земја ќе бидат директна цел на терористите.

Претседателот Ердоган остро реагираше на немилосрдниот став на грчките погранични безбедносни сили кон бегалците и мигрантите. Во врска со тоа рече: „Ги повикуваме Грција и останатите земји члени на ЕУ кон бегалците и мигрантите да се однесуваат согласно начелата и одредбите на Универзалната декларација за човековите права (УДХР)“.

Во врска со фотографијата на која може да се види како Сиријците им помагаат на Грците кои во минатото побегнаа од нацистичките напади и се засолнаа во Сирија, претседателот Ердоган рече:

Можеби едното од овие деца накои им се доделуваа јадење и облека се дедото или бабата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Грците кои денес немилосрдно ги оставаат да се удават и ги убиваат бегалците, со цел да не ги пуштат во својата земја, не треба да заборават дека еден ден можеби и на нив самите ќе им затреба истото милосрдие.

По состанокот, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите и во врска со очекувањето од утрешниот состанок со Путин рече:

Утре основна цел и очекување е што поскоро воспоставување примирје во Идлиб.

На прашањето во врска со американското соопштение за поддршка во муниција на Турција, претседателот Ердоган рече дека барањето во врска со прашањето му го доставиле на американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични вести