Ибрахим Калин се состана со Кели Крафт и Џејмс Џефри

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин ги прими постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Кели Крафт и специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри

1372081
Ибрахим Калин се состана со Кели Крафт и Џејмс Џефри

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана во претседателската палата "Куллијето" во Анкара со постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Кели Крафт и со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во нивна придружба. 

На средбата беше разговарано за кризата во Сирија на чело со подрачјето во Идлиб, во северозападниот дел на земјата, мигрантскиот проблем и регионални прашања. 

На средбата беше направена проценка на опциите за соработка во врска со решавањето на кризата којашто се интензивира во Идлиб и беше нагласено значењето на сојузничката солидаризација во НАТО.

Беше истакнато дека треба да се стави во примена конкретната поддршка на земјите членки на чело со САД и беа информирани американските соговорници по прашањето на операцијата Пролетен штит којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), а која беше започната откако сирискиот режим изврши напад врз турските војници и цивилите, и во рамките на  правото на самоодбрана.

На средбата беше нагласено дека со операцијата Пролетен штит се има за цел да се изнајде мирољубиво и политичко решение и дека ќе продолжи решителноста на Турција по прашањето на заштитата на турските војници и цивилите во подрачјето.

Освен тоа беше изнесена потребата од  забрзување на работите на Уставниот комитет за постигнување на одржлив прекин на огнот и политичко решение во Сирија во правец на резолуцијата број 2254 под покривот на Обединетите нации (ОН), како и потребата од зголемување на меѓународната поддршка во правец на формирање на средина за одржување на слободни и праведни избори.

На средбата беше подвлечено дека за спречување на човечката криза предизвикана од режимските напади во Идлиб треба веднаш да бидат сопрени нападите и да се прогласи прекин на огнот, американската страна беше известена дека за спречување на трагедијата којашто се доживува меѓународната заедница треба да преземе поголема одговорност и што поскоро да бидат фрлени конкретни чекори.



Слични вести