Грчките безбедносни сили отворија оган врз мигрантите: Едно лице загина, а 5 мина се ранети

Губернијата на Едирне соопшти дека во отворен оган од страна на грчките безбедносни сили врз нерегуларните мигранти еден мигрант го загуби животот, а 5 мина се ранети

1371919
Грчките безбедносни сили отворија оган врз мигрантите: Едно лице загина, а 5 мина се ранети

Во отворен оган од страна на грчките безбедносни сили врз нерегуларните мигранти кои чекаат во тампон зоната помеѓу Турција и Грција за да заминат за Европа, загина еден мигранти, а 5 мина се ранети.

Од страна на губернијата на Едирне е соопштено дека од страна на полицијата и пограничните сили на Грција се употребени звучни, гасни и чадни бомби врз нерегуларните мигранти кои се наоѓаат во тампон зоната помеѓу грчкиот граничен премин Кастаниес и турскиот граничен премин Пазаркуле, а воедно е отворен и оган врз мигрантите.

Губернијата соопшти дека во отворениот оган еден нерегуларен мигрант го загуби животот, а 5 мина се ранети.

Ранетите со амбулантни возила се префрлени во болница.

Во меѓувреме, и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу покажа реакција во врска со убиството на еден мигрант и ранувањето на 5 мина мигранти  од страна на грчките безбедносни сили, на граничниот премин Пазаркуле.

Сојлу во споделената објава на својот профил на Твитер напиша дека од страна на грчките безбедносни сили е убиен еден мигрант, а 5 мина мигранти се ранети.

Министерот Сулејман Сојлу го напиша следното: „Турција да направеше дури и еден милионски дел од она што го прават овие, ѝ Европа, ѝ нивните соработници во Турција ќе се кренеа на нозе.“



Слични вести