Џејмс Џефри: Спремни сме да и доставиме поддршка на Турција во муниција

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри, во градот Хатај кадешто ги посети бегалците кои бегајќи од нападите на Асадовиот режим се засолнаа во Турција, истакна дека се спремни да и достават поддршка на Турција во муниција

1371310
Џејмс Џефри: Спремни сме да и доставиме поддршка на Турција во муниција

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри кој престојува во посета на Турција заедно и со американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд вчера во градот Хатај ги посети камповите во кои се сместени бегалците кои бегајќи од нападите на Асадовиот режим се засолнаа во Турција.

Овде Џејмс Џефри одговараше на прашањата на новинарите и на едно поставено прашање во однос на тоа како би можеле да и помогнат на Турција во рамките на НАТО, истакна дека се спремни да и достават поддршка на Турција во муниција.

Џефри одговори со следните зборови: „Турција е членка на НАТО и нејзината армија во голема мера ја користи нашата опрема. Тогаш кога ќе има потреба би сакале оваа опрема да биде спремна.“

Велејќи дека се споделуваат разузнавачки информации со Турција, Џефри напомена дека се доставува и дипломатска поддршка, а воедно нападите на сирискиот режим во Идлиб ги окарактеризира како „потполно демонски“ и го рече следното: „Режимот со цел да протера милиони лица од Идлиб применува една неморална политика.“

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри укажа на тоа дека сирискиот режим има за цел да ја промени демографската структура во Идлиб и ја изнесе следната констатација: „Агресивноста на Асад е многу поопасна за регионот од било кога досега.“



Слични вести