Челик: „Се претворија во организација на политички егоисти“

Сите оние коишто го бранат ставот дека се во солидарност со Грција поради тоа што наводно ги брани границите на Европа, исто така се одговорни за убиствата на мигрантите од страна на грчките полицајци и војници кои отворија оган врз мигрантите

1371424
Челик: „Се претворија во организација на политички егоисти“

Гласноговорникот на Партијата за правда и развој (АКП) Омер Челик рече дека земјите членки на ЕУ не ја осудуваат Грција поради насилничкиот став кон мигрантите потенцирајќи дека се претворија во организација на политички егоисти.

Во објавата преку профилот на твитер, Челик рече:

„Сите оние коишто го бранат ставот дека се во солидарност со Грција поради тоа што наводно ги брани границите на Европа, исто така се одговорни за убиствата на мигрантите од страна на грчките полицајци и војници кои отворија оган врз мигрантите. Досеа не е видено ваков егоизам против човештвото“.

„Трезвеност“ е збор кој  што западните власти најмногу го сакаат. ЕУ со последниот чин покажа дека се претвори во унија разведена од сите човечки вредности. Ова личи на типична маалска солидарност. Го поддржуваат насилството на Грците. Се претворија во организација на политички егоисти.

Сите оние коишто го поддржуваат суровото и безмилосно грчко насилство со цел мигрантите да не влезат во Европа, истовремено ги депортираат политичките вредности на Европа од самата Европа. Нема да ви биде од корист духовната и материјална поддршка на насилството на Грција, бидејќи со овој начин на однесување уште повеќе ќе ги зајакнете екстремните десничари кои претставуваат кошмар на Европа.



Слични вести