Алтун: Една земја која го суспендира статусот за привремена заштита и користи бибер спреј врз мигрантите не може да говори за моралност

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун рече дека една земја која го суспендира статусот за привремена заштита и користи бибер спреј врз мигрантите не може да говори за моралност

1371847
Алтун: Една земја која го суспендира статусот за привремена заштита и користи бибер спреј врз мигрантите не може да говори за моралност

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во споделената објава на англиски на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Грција постапува ужасно кон мигрантите и потоа вината ја префрлува врз Турција.

Алтун рече дека една земја која го суспендира статусот за привремена заштита и користи бибер спреј врз мигрантите не може да говори за моралност.

Тој ја изнесе следната констатација: „Тоа е двоен стандард и дволичност на коишто се навикнавме веќе долги години. Една земја која го суспендира статусот за привремена заштита и користи бибер спреј врз мигрантите не може да говори за моралност. Европската унија (ЕУ) која за да спречи Европа да биде  'окупирана' од мигрантите се гледа дека се обидува да и помогне на Грција на која гледа со поглед на нов фронт. Ова точно беше и приодот на Европа фокусиран на безбедноста којшто го применува во последните 9 години.“ - истакна Алтун.

Велејќи дека за ставање крај на човечките болки и страдања коишто продолжуваат во Сирија треба да стапат во акција Европа и меѓународната заедница, Фахреттин Алтун напомена дека треба да се сопре режимот кој продолжува да врши зулум и чија опасност продолжува.

Тој истакна дека воедно и меѓународната заедница своите иницијативи не треба да ги насочува кон Грција, туку кон Сирија.

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун нагласи дека договорот постигнат меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција во 2015 година е договор којшто е склучен за спречување на преминот на мигрантите во Европа којшто се потпира на менталитет фокусиран на безбедноста, а не е фокусиран на хуманоста. 

Алтун рече: „Дури и тогаш Европската унија (ЕУ) не ги исполни своите задачи коишто и се паѓаа во однос на финансирањето, визната либерализација и други бројни прашања. Тогаш кога Турција го презеде целиот товар, за Европа заврши и мигранската криза. Всушност кризата не беше завршена, туку благодарение на иницијативите на Турција беа ограничени нејзините влијанија на Европа. ЕУ се однесуваше како да е се во ред, се правеше како да не ја гледа присутната човечка катастрофа во Сирија. Нашите ресурси наместо за спречување на миграцијата кон Европа требаше да ги свртиме кон бегалците кои доаѓаа од Идлиб и беа принудени на иселување од нивните места и да ја промениме нашата мигрантска полтиика. Во тој контекст ги искористуваме нашите национални, економски и воени ресурси. Единствениот проблем на Европската унија (ЕУ) пак, сеуште е миграцијата кон Европа.“



Слични вести