Акар: „Нашата цел е да се изнајде решение“

Постојано водиме активности за спокојството, прогресот, безбедноста и спречување на крвопролевањето во областа

1371752
Акар: „Нашата цел е да се изнајде решение“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека операцијата „Пролетен штит“ која ја започнаа Турските вооружени сили на Идлиб во Сирија продолжува според планот.

Министерот Хулуси Акар во Големото национално собрание на Турција одговараше на прашањата на новинарите.

Во освртот на операцијата „Пролетен штит“ којашто започна по интензивирањето на нападите од страна на силите на режимот на Бешар Асад на подрачјето Идлиб во Сирија на 27 февруари, министерот Акар рече:

„Нашата цел е да се изнајде и постигне решение пои мировен пат. Да се постигне политичко решение. Постојано водиме активности за спокојството, прогресот, безбедноста и спречување на крвопролевањето во областа. Исто така и претседателот Реџеп Тајип Ердоган вложува несебични напори за постигнување на мирот и спокојството во областа и остварување на прашањата за кои постигнавме (со Русија). Тоа уше еднаш ќе биде изнесено на утрешната средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.

Операцијата „Пролетен штит“ продолжува според планот. Вложуваме напори да се постигне мир, спокојство во подрачјето. Нашите војници со големо херојство и пожртвуваност ја извршуваат задачата“ рече Акар.



Слични вести