Во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб е срушен воен авион на режимот

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, кадешто се реализира операција Пролетен штит, е срушен воен авион на режимот на Бешар Асад

1371021
Во операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб е срушен воен авион на режимот

Во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, е срушен воен авион на режимот на Бешар Асад.

Министерството за национална одбрана соопшти дека успешно продолжува операцијата Пролетен штит којашто ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 27 февруари.

Во соопштението на министерството се вели следното: „Во рамките на операцијата е срушен еден воен авион на режимот од типот L-39.“

Инаку, ова е третиот срушен воен авион на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб од страна на Турција во рамките на операцијата Пролетен штит.  

„Операцијата Пролетен штит продолжи успешно во текот на ноќта. Во последните 24 часа се уништени; 1 авион, 1 беспилотно летало, 6 тенкови, 5 хаубици/повеќецевни ракетни фрлачи, 2 противвоздушно одбранбени ракетни системи, 3 оклопни борбени возила, 5 наоружани пикапи, 6 воени возила и 1 складиште за муниција, а се неутрализирани и 327 војници на режимот.“ - се подвлекува во соопштението на Министерството за национална одбрана.

 



Слични вести