Претседателот Ердоган: Никој нема право да си поигрува со достоинството на Турција

Претседателот Ердоган го одби предлогот на ЕУ за испраќање на 1 милијарда евра за мигрантите за кои Турција ги отвори своите врати, нагласи дека Турција повеќе не ги сака тие пари и рече: „Никој нема право да си поигрува со достоинството на Турција“

1370453
Претседателот Ердоган: Никој нема право да си поигрува со достоинството на Турција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера допатува во работна посета на Анкара кадешто се состана со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

По средбата, бугарскиот премиер Борисов и претседателот Ердоган одржаа заедничка прес конференција на која едната од главните теми беа мигрантите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го одби предлогот на Европската унија (ЕУ) за испраќање на 1 милијарда евра за мигрантите за кои Турција ги отвори своите врати и нагласи дека Турција повеќе не ги сака тие пари.

Ердоган рече: „Никој нема право и надлежност за да се поигрува со достоинството на Турција.“

Тој нагласи дека Турција е земја која прими најголем број бегалци во светот и дека ќе продолжи да пружа меѓународна заштита на секое лице кое тоа ќе го побара од неја.

„Бегалците, мигрантите, имаат право и слобода да ја напуштат државата во којашто се наоѓаат. Не зборувам за никаков локален закон, според меѓународното право не е можно никој присилно да се задржува. Овие луѓе по своја волја ја напуштаат нашата земја“- рече Ердоган.

Претседателот Ердоган истакна дека Грција е исто така должна на мигрантите кои доаѓаат до нејзините граници да им обезбеди заштита според меѓународните обврски.

„Грчки војници денес убија двајца бегалци, еден е тешко ранет. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, за утре најави посета на турско-грчката граница. Веројатно ќе биде сведок на нехуманото постапување кон бегалците на грчката граница. Му препорачувам да види и што прават грчките надлежни во Егејското Море“- порача Ердоган.

Обраќајќи и се на Европската унија (ЕУ), претседателот Ердоган го рече следното: „Сега во меѓувреме разговараме и ни велат 'Ќе ви испратиме 1 милијарда евра'. Кого залажувате вие! Ние веќе не ги сакаме и тие пари. Турција во рамките на своите граници прими над 4 милиони бегалци. За жал земјите членки на ЕУ и целиот свет сè уште немаат сфатено што значи тоа“.

Претседателот Ердоган во продолжение го подвлече и следното: „Водачите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), применуваат двоен стандард до таму што велат дека Турција овде направи грешка во врска со мигрантите кои се движат кон границите. Каде се праведното споделување на товарот и одговорноста? Ние ли ќе го носиме овој товар? Ние ионака имаме потрошено над 40 милијарди долари.“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пак, истакна дека никој не можеше да ја согледа кризата во врска со мигрантите која чека на вратата.

Борисов рече: „Не разбирам зошто на Турција не ѝ се одобрат ресурси (за мигрантите навреме). Споделувањето на товарот е едниот од главните принципи на Европската унија (ЕУ)“.

Подвлекувајќи дека е неопходно да се исполнат обврските од договорот, бугарскиот премиер Бојко Борисов додаде дека во наредниот период вредно ќе работи и ќе вложи напори да се заштитат жените и децата кои чекаат на границите.



Слични вести