Повик од Чавушоглу институциите на ЕУ да ги почитуваат заедничките вредности на Европа и човештвото

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот британски колега Доминик Раб ги повика институциите на ЕУ да ги почитуваат заедничките вредности на Европа и на човештвото

1371271
Повик од Чавушоглу институциите на ЕУ да ги почитуваат заедничките вредности на Европа и човештвото

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со британсккот министер за надворешни работи Доминик Раб. 

По средбата, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Раб, одржаа заедничка прес конференција. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во оваа пригода во врска со мигрантите ги повика институциите на Европската Унија (ЕУ) да ги почитуваат заедничките вредности на Европа и на човештвото, а воедно ја нагласи потребата од заштита на човековите права на мигрантите.

Чавушоглу во својот говор се осврна и на операцијата Пролетен штит којашто се спроведува против режимот на Бешар Асад во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија. 

„Целта на операцијата е да се воспостави веднаш и на одржлив начин прекинот на огнот во Идлиб. Нашите погледи се поклопуваат со Обединетото Кралство по прашањето режимот веднаш да стави крај на нападите врз Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб и да се спречи да дојде до нова човечка криза. Немаме сомневање дека Обединетото Кралство ќе даде поддршка во правец на целосното стопирање на нападите на режимот во Идлиб и придржувањето кон меморандумот од Сочи.“ - рече Чавушоглу.

Правејќи проценка на затворањето на вратите пд страна на европските земји за мигрантите, Мевлут Чавушоглу рече: „Што гледаме? Се затвораат границите, незаконски се суспендираат барањата за азил. Би сакал да потсетам дека не е можно земјите на ЕУ да избегаат од своите меѓународни одговорности. Ние, нѐ сме на точка да ги спречиме мигрантите.“

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб пак, истакна дека неговата земја заедно и со НАТО ги поддржува напорите на Турција за повторно воспоставување на прекинот на огнот во Идлиб и го рече следното: „Најголемата одговорност во човечката драма им припаѓа на сирискиот режим и на Русија. Суровите напади на сирискиот режим и Русија во Идлиб се едните од најразурнувачките напади во поблиското минато."



Слични вести