Порака со поддршка од потпретседателот Фуат Октај за операцијата Пролетен штит во Идлиб

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека турските војници (Мехметчик) со решителност ќе ја продолжат епската борба што ја водат како внатре во нашите граници така и надвор преку границата

1370470
Порака со поддршка од потпретседателот Фуат Октај за операцијата Пролетен штит во Идлиб

Потпретседателот Фуат Октај сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која напиша: „Со операцијата Пролетен штит ќе ги  спречиме терористичката држава за која се настојува да се формира на нашите граници и човечката драма.“

Октај истакна дека турските војници (Мехметчик) со решителност ќе ја продолжат епската борба што ја водат како внатре во нашите граници така и надвор преку границата, а воедно напомена дека на оние кои посегнуваат по нашата независност и иднина ќе продолжат да го добиваат заслужениот одговор, ѝ на теренот, ѝ на масата.

Потпретседателот Фуат Октај во својата објава го подвлече и следното: „Исто како и со операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот, сега и со нашата операција Пролетен штит ќе ги спречима терористичката држава за која се настојува да се формира на нашите граници и човечката драма. /... /. Им посакувам милост на сите наши јунаци кои ги положија своите животи за нашата татковина и нашето знаме. На нивните семејства им посакувам трпение.“



Слични вести