На задача на сириската граница се спрема да стапи и националиот противвоздушно одбранбен систем „ХИСАР“

Шефот за одбранбена индустрија Исмаил Демир информира дека на задача на сириската граница се спрема да стапи и нашиот национален противвоздушно одбранбен систем „ХИСАР“

1371150
На задача на сириската граница се спрема да стапи и националиот противвоздушно одбранбен систем „ХИСАР“

На задача на сириската граница се спрема да стапи и нашиот национален противвоздушно одбранбен систем „ХИСАР“.

Шефот за одбранбена индустрија Исмаил Демир, во базата на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА) даде изјави во врска со операцијата Пролетен штит којашто се реализира во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Исмаил Демир рече: „Како голема радосна вест би можеле да го кажеме следното. Иншаллах нашите (противвоздушно одбранбени) системи Хисар А и О ќе бидат на теренот. Иншаллах по стационирањето на овој наш противвоздушно одбранбен систем за време на оваа операција (Пролетен штит), да го видиме овој систем и на теренот во наредната недела ќе претставува една друга радосна вест. Тоа ќе и додаде една нова димензија на нашата воздушна одбрана.“

Велејќи дека продолжуваат работите во правец на уште повеќе развивање (усовршување) на јатото наоружани беспилотни летала (СИХА) од коешто светот беше импресиониран од неговата ефикасност во операцијата Пролетен штит, Демир рече: „Овие наоружани беспилотни летала (СИХА) ќе можат да функционираат независно, автономно, од глобалниот систем на позиционирање (Global Positioning System / GPS). Турција долови еден интензитет (развој) и да се биде најдобар во овој развој, претставува наша задача.“

Шефот за одбранбена индустрија Исмаил Демир напомена дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) кои не се идентификуваат од радари се голема предност и го рече следното: „Можеме да им се доближиме на непријателските елементи без да не забележат.Со истрели од далеку, со нив уништивме некои од противвоздушно одбранбените системи (на Асадовиот режим).“

 



Слични вести