Во минофрлачки напад кај турско-иранскиот граничен премин Ѓурбулак загина еден царински службеник

Во близина на турско-иранскиот граничен преин Ѓурбулак е извршен минофрлачки напад врз возило на Дирекцијата за царина на Ѓурбулак во кој стана шехид (загина) еден царински службеник, а има и ранети

1370035
Во минофрлачки напад кај турско-иранскиот граничен премин Ѓурбулак загина еден царински службеник

Во извршен минофрлачки напад врз возило на Дирекцијата за царина на Ѓурбулак во населеното место Догубајазит кај градот Агри, во близина на границата со Иран, стана шехид (загина) еден царински службеник.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Во извршен кукавички напад врз сервиско возило кое превезувало вработени на Дирекцијата за царина на Ѓурбулак, стана шехид (загина) еден наш вработен царински службеник. Остро го осудувам нападот, му посакувам милост од Аллах на нашиот шехид (загинат), го изразувам моето сочувство до неговото семејство и саканите, а на ранетите вработени им посакувам побрзо оздравување.“  

Турските безбедносни сили кои пристигнаа на местото на нападот на оддалеченост од 3 километри од граничниот премин Ѓурбулак на иранската граница, поради безбедносни причини го затворија патот за сообраќај.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истреланата минофрлачка граната врз оклопното возило кое ги превезувало вработените на Дирекцијата за царина на Ѓурбулак кај Агри во 08:50 часот по локално време, го погодила предното тркало на возилото и дека во нападот има ранети.

Сојлу во својата објава напиша: „Терористите беа следени и приклештени. Моментално судирот продолжува.“



Слични вести