Претседателот Ердоган: Заврши периодот на еднострана пожртвуваност на Турција за мигрантите

Претседателот Ердоган истакна дека ниту една европска земја не даде конкретна поддршка на повикот на Турција за помош на мигрантите и порача дека заврши периодот на еднострана пожртвуваност за мигрантите

1370433
Претседателот Ердоган: Заврши периодот на еднострана пожртвуваност на Турција за мигрантите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Анкара учествуваше на состанокот на градското советодавно собрание на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) кадешто им се обрати на присутните.

Подвлекувајќи дека Турција води борба за решавање на човечката криза во Сирија, Ердоган рече: „Ние во Сирија водиме борба ѝ за решавање на човечката криза предизвикана од милиони лица кои бегајќи од оваа земја се усмерија кон нашата земја ѝ за воспоставување на безбедноста на нашите територии.“

Претседателот Ердоган истакна дека заврши периодот на еднострана пожртвуваност на Турција за мигрантите.

Тој нагласи дека ниту една европска земја не даде конкретна поддршка на повикот на Турција за помош на мигрантите и продолжи со следните зборови: „Од часот кога ги отворивме нашите граници бројот на оние кои се усмерија кон Европа надмина над 100 илјади. Оваа бројка наскоро ќе се изговара со милиони. Сега сите креваат врева затоа што ги отворивме нашите граници. Или на овие луѓе ќе им обезбедиме достоинствен живот на нивните сопствени територии, или секој ќе го добие својот дел што му припаѓа од овој товар. Веќе заврши периодот на еднострана пожртвуваност.“ 

Велејќи дека некои земји кои на збор декларираа дека ќе и дадат поддршка на Турција за мигрантите всушност само ги следеа случувањата без да го помрднат ниту својот прст, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја изнесе следната констатација: „И организациите кои на збор се формирани за воспоставување на меѓународниот мир, спокојството и безбедноста не вредат за ништо освен тоа што одржуваат состаноци, објавуваат соопштенија и осудуваат.“



Слични вести