Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја повика Грција да се однесува хумано кон мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека од друга страна, грчките безбедносни сили на границата кај Едирне користат бибер спреј и презентираат нехуман (нечовечен) начин на однесување кон луѓето кои бараат засолниште

1370397
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја повика Грција да се однесува хумано кон мигрантите

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, ја повика Грција да се однесува хумано (човечно) кон мигрантите.

Сојлу напомена дека од почетокот на кризата во Сирија (во 2011 година) досега, Турција како земја презентира начин на управување со миграцијата којшто служи за пример за светот, а како што рече со чекорите коишто ги презеде пред сѐ со толеранцијата на турскиот народ и навремените и ефикасни чекори коишто ги фрли државата.

Велејќи дека Турција беше приморана овој товар да го сноси самата и дека овој процес се управуваше со совест, Министерот Сојлу потсети дека моментално земјата е домаќин на приближно 4 милиони мигранти (бегалци) од кои 3,6 милиони Сиријци.

Тој, појасни дека истовремено им се доставува хуманитарна помош и на уште 1,5 милиони Сиријци кои избегале од смрт и од зулум, и кои сега се наоѓаат веднаш во непосредна близина на границата на Турција во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека од друга страна, грчките безбедносни сили на границата кај Едирне користат бибер спреј и презентираат нехуман (нечовечен) начин на однесување кон луѓето кои бараат засолниште.

Сојлу рече: „Претставниците на Европската унија (ЕУ) и на странските граѓански организации она што треба да го направат по последните случувања е да испратат претставник на границата на Грција и да го видат и рапортираат нехуманиот (нечовечниот) начинот на однесување кој се применува врз мигрантите. Ги повикуваме грчките надлежни да се однесуваат во согласност со основните правни норми на чело со Женевската конвенција од 1951 година и Европската конвенција за човекови права, а позначајно и од тоа да покажат хуман начин на однесување.“



Слични вести