Хулуси Акар: Досега се неутрализирани 2.557 режимски војници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во рамките на операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб досега се неутрализирани 2.557 режимски војници

1370287
Хулуси Акар: Досега се неутрализирани 2.557 режимски војници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со воените команданти и синоќа ноќта ја помина во Тактичко-командниот центар кај градот Хатај, на нултата точка на границата со Сирија. 

Акар истакна дека во операцијата Пролетен штит којашто беше започната на 27 февруари во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, досега се неутрализирани 2.557 режимски војници.

Министерот Хулуси Акар во текот на ноќта раководеше и управуваше лично со активностите и операцијата против режимските цели во подрачјето на Идлиб. 

Тој рече дека поради копнените и воздушните напади на режимот кои и покрај прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб продолжија да се реализираат интензивно против невините цивили без притоа да се прави разлика меѓу деца, жени и стари, овде се доживуваше една длабока човечка драма и заедно со тоа дојде до големи иселувања кон границата на Турција.

Нагласувајќи дека Турција, како гаранторска земја ги исполни и продолжи да ги исполнува  сите свои одговорности коишто произлегуваат од договорите, Акар рече: "Она што го очекуваме и од Русија, е да ги исполни своите ветувања како гаранторска земја, да го искористи своето влијание над режимот за да ги сопре нападите и да се повлече на границите дефинирани со меморандумот од Сочи."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го соопшти и билансот од операцијата Пролетен штит досега, во врска со што го рече следното: "Во рамките на операцијата Пролетен штит досега се неутрализирани 2 воени авиони на режимот, 2 беспилотни летала, 8 хеликоптери, 135 тенка, 5 противвоздушно одбранбени системи, 86 топови/хаубици/повеќе цевни ракетни системи, 16 антитенковски оружја/хаубици, 77 оклопни возила, 9 складишта за муниција и 2.557 режимски војници."

Министерот Акар додаде дека операцијата и активностите продолжуваат според планираното. 



Слични вести