Чавушоглу: Со операцијата Пролетен штит ќе ги скршиме сите предавнички раце кои ќе посегнат по турското знаме

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката што ја напиша на својот профил на Твитер истакна дека со операцијата Пролетен штит ќе бидат скршени сите предавнички раце кои ќе посегнат по турското знаме

1369626
Чавушоглу: Со операцијата Пролетен штит ќе ги скршиме сите предавнички раце кои ќе посегнат по турското знаме

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со операцијата Пролетен штит којашто беше започната по извршениот напад врз турските војници на 27 февруари во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Чавушоглу истакна дека со операцијата Пролетен штит ќе бидат скршени сите предавнички раце кои ќе посегнат по турското знаме.

„Со операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче, Извор на мирот и сега со операцијата Пролетен штит ќе ги скршиме сите предавнички раце кои посегнуваат по нашето знаме. Аллах нека ги чува нашите јунаци кои водат борба за полумесечината и ѕвездата.“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата порака на Твитер.



Слични вести