Чавушоглу: Групата Минск на ОБСЕ треба да работи поефикасно за решение во Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во Анкара ги прими копретседателите на Групата Минск до кои упати повик за поефикасно работење за решение на проблемот Нагорно Карабах

1370429
Чавушоглу: Групата Минск на ОБСЕ треба да работи поефикасно за решение во Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара ги прими копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Русинот Игор Попов, Французинот Стефан Висконти, Американецот Ендрју Шофер и специјалниот претставник на процесот Минск на ОБСЕ Полјакот Анджеј Каспжи.

Чавушоглу, во оваа пригода упати повик до Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) да се работи ефикасно за решение на проблемот Нагорно Карабах во рамките на почитувањето на територијалниот интегритет на Азербејџан. 

По остварената средба, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Групата Минск на ОБСЕ веќе треба да работи поефикасно за решение на прашањето со Нагорно Карабах. Ова решение треба да биде во рамките на почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитетот и меѓународно признатите граници на Азербејџан.“



Слични вести