Во подрачјето на Идлиб се соборени два авиони Su-24 на Асадовиот режим

Министерството за национална одбрана соопшти дека се соборени два авиони Su-24 на Асадовиот режим во Идлиб за кои се вели дека биле во обид за напад против турските авиони

1369484
Во подрачјето на Идлиб се соборени два авиони Su-24 на Асадовиот режим
bahar kalkanı.jpg
uçak düşürüldü.jpg

Во подрачјето на Идлиб се соборени два авиони Su-24 на Асадовиот режим.

Од страна на Министерството за национална одбрана е објавено следното соопштение: „Соборени се два авиони Su-24 на Асадовиот режим во Идлиб, кои беа во напад против нашите авиони.“

Во споделената објава на интернет страницата на министерството се вели следното: „Уништен е противвоздушно одбранбениот систем на режимот кој собори едно наше наоружано беспилотно летало (СИХА) и се уништени уште два противвоздушно одбранбени системи.“

Во меѓувреме, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) продолжуваат успешно да ги уништуваат утврдените режимски цели во Сирија.

Во тие рамки, продолжуваат да се споделуваат нови снимки во врска со режимските елементи коишто се неутрализираат во операциите во подрачјето на Идлиб.

На снимките се гледа како наоружани беспилотни летала (СИХА) на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) неутрализираат тенкови, оклопни транспортери на персонал, противтенковски оружја и артилериски орудија, како и режимски војници во областите Серакиб, Шехј Ахмет, Ез-Зербе и Талхијах.

 



Слични вести