Умерените опозиционери повратија од рацете на режимските сили 9 села во Идлиб

Умерените воени опозиционери кои со поддршка на истрелите од хаубици на Турските вооружени сили (ТВС ли TSK) почнаа да напредуваат од копно против режимските сили, во 24 часа повратија 9 села од рацете на режимот на Бешар Асад

1369521
Умерените опозиционери повратија од рацете на режимските сили 9 села во Идлиб

Турските вооружени сили (ТВС или TSK), Сириската национална армија (СНА) и умерените опозиционери во последните 24 часа во рамките на операцијата Пролетен штит повратија 9 села од рацете на режимот на Бешар Асад којшто спротивно на договорите од Астана и меморандумот од Сочи напредуваше во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и  умерените опозиционери во рамките на операцијата Пролетен штит во јужниот дел на Идлиб и руралните подрачја на Хама започнаа операција со тешко оружје против областите коишто пред извесно време беа заземени од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи.

Воените опозиционери кои почнаа да напредуваат од копно поддржани од истрелите со хаубици на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против режимските цели, уништија 6 тенка, 3 топови од 14,5 мм, 3 антитенковски рампи, 1 топ од 23 мм, 2 воени возила и 12 пикапи, а неутрализираа и најмалку 46 режимски милициски сили.

Од вчера досега воените опозиционери од рацете на Асадовиот режим и неговите поддржувачи ги вратија селата Анкави, Кахира, Манара и Тел Зеџрен во руралното подрачје на градот Хама и селата Халубе, Кукфин, Кефер Абид, Сфухен и Фатере на југот на градот Идлиб.

Продолжуваат да се водат жестоки судири помеѓу воените опозиционери и режимските сили составени од  армијата на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран.



Слични вести