Турските вооружени сили го погодија воениот аеродром на Асадовиот режим во Алепо

По бомбардирањата коишто беа реализирани вчера од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и тоа со наоружани беспилотни летала (СИХА) и со артилериски орудија, беше тешко оштетен и доведен во неупотреблива состојба воениот аеродром Нејраб во Алепо

1369518
Турските вооружени сили го погодија воениот аеродром на Асадовиот режим во Алепо

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кои продолжуваат да одговараат на нападите на режимот на Бешар Асад, погодија и доведоа во неупотребливна состојба еден воен аеродром на сирискиот режим во градот Алепо.

Погодениот воен аеродром Нејраб во надворешните делови на центарот на градот Алепо, беше познат како еден од воздушните бази којшто често беше употребуван од страна на Асадовиот режим во нападите против елементите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и цивилите.

По бомбардирањата коишто беа реализирани вчера од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и тоа со наоружани беспилотни летала (СИХА) и со артилериски орудија, беше тешко оштетен и доведен во неупотреблива состојба воениот аеродром Нејраб. 

Инаку, армијата на режимот, воздушните летала (авионите, хеликоптерите и сл.) и воената опрема од воениот аеродром Кувејрас во источниот дел на Алепо којшто завчера беше цел на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги премести во аеродромот Нејраб.

Локални извори истакнуваат дека со бомбардирањето и доведувањето во неупотреблива состојба на воениот аеродром Нејраб е ограничен и просторот на делување на режимот.



Слични вести