Продолжуваат премините на нерегуларните мигранти кои од Турција сакаат да заминат за Европа

Грчката полиција и војската, повремено пукаат во воздух со цел да ги предупредат нерегуларните мигранти кои се собираат во текот на реката Марица на турско-грчката граница, а воедно интервенираат и со гасни куршуми и звучни бомби

1369529
Продолжуваат премините на нерегуларните мигранти кои од Турција сакаат да заминат за Европа

Продолжуваат премините од реката Марица кон Грција на илјадници нерегуларни мигранти кои доаѓаат во Едирне за да заминат за Европа.

Грчката полиција и војниците, повремено пукаат во воздух со цел да ги предупредат нерегуларните мигранти кои се собираат во текот на реката Марица на турско-грчката граница, а воедно интервенираат и со гасни куршуми и звучни бомби.

Од друга страна, грчката влада соопшти дека во немирите на границата се притворени 73 лица.

Мигрантите по море преку Ајвалик преминуваат грчкиот остров грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), преку Чешме за островот  Хиос (турски Сакиз) и преку Чанаккале за островот Самос (турски Сисам).

Грција како превентивна мерка на границата испрати дополнителни единици, а ги зголеми патролите и на крајбрежјата на островите. 

Жителите на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) пак, за спречување на пристапот во кампот Мориа на мигрантите кои пристигнуваат на островот поставуваат барикади на патиштата.

Во меѓувреме, грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос беше во посета на границата на реката Марица.

Овде, грчкиот министер за одбрана тврдеше дека се преземени ефикасни мерки на границата, а воедно наведе дека не побарале без да побараат било каква помош од Европската унија (ЕУ).

Грчката влада, за одвраќање на мигрантите се применуваа и еден поразличен метод.

Во испратените СМС пораки на телефоните на мигрантите беше напишано следното: „Грција ги зголемува мерките на своите граници на највисоко ниво. Не обидувајте се да ја преминете границата илегално.“

Европската унија (ЕУ) вети дека со посредство на Фронтекс, одговорен за граничната безбедност, ќе им достави поддршка на Грција и Бугарија.

Една друга рута за нерегуларните мирганти на пат кон Европа е Бугарија.

Организацијата „Амнести Интернешнл“ пак, покажа реакција против антимигрантските мерки на Грција и Бугарија и упати повик до Атина и Софија да ги отворат своите врати за мигрантите.

Организацијата го достави и следното предупредување: „Земјите членки на Европската унија (ЕУ) треба да направат многу повеќе за споделување на товарот со мигрантите кои доаѓаат во Турција.“



Слични вести