Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со Хасан Рухани и Шарл Мишел

Претседателот Ердоган синоќа разговараше телефонски со иранскиот претседател Хасан Рухани и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

1369220
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со Хасан Рухани и Шарл Мишел
erdoğan michel.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Рухани беа разгледани пред се прашањето со Идлиб, регионални прашања и билатералните односи.

Во меѓувреме, претседателот Ердоган оствари телефонски разговор и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор укажа на човечката криза во Идлиб којашто се продлабочува и на нејзините регионални влијанија, а воедно истакна дека треба да се презентира колективен и решителен став против агресивностите на режимот.



Слични вести