Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон за сириската криза на чело со случувањата во Идлиб, мигрантското прашање, турско-француските односи и регионални прашања

1369215
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор беа разгледани сириската криза на чело со Идлиб,  мигрантското прашање, турско-француските односи и регионални прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека на режимските сили на најскап начин им се наплаќа сметката за бруталниот напад врз турските единици во Идлиб.

Ердоган рече дека Турција сојузничката солидарност во НАТО сака да ја види на јасен и конкретен начин и на ниво на дело, а не само на збор.

Велејќи дека се додека не се сопрат режимските напади во Сирија ќе се продлабочи и човечката криза во оваа земја, претседателот Ердоган укажа на тоа дека мигрантскиот притисок на границата на Турција со Сирија нормално почна да врши притисок и врз нејзините граници со Европа.

Ердоган нагласи дека меѓународната заедница на чело со Европската унија (ЕУ) и нејзините земји членки треба да се придржуваат кон своите обврски по прашањето на мигрантите и дека со праведно преземање на товарот и споделување одговорноста треба да и достават поддршка на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека Турција е домаќин на 4 милиони бегалци и во моментов на нејзините граници дојдоа уште 1,5 милиони бегалци, така да се очекуваат предлози за конкретно решение и поддршка од Франција и Европа за сириските бегалци и раселените како заеднички проблем на целиот овој регион.



Слични вести