Помеѓу градовите Сиирт и Ширнак е започната антитерористичката операција „Стапица-7 Карадаг“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на линијата помеѓу градовите Сиирт и Ширнак е започната антитерористичката операција „Стапица-7 Карадаг“ во која учествуваат 815 безбедносен персонал, 52 оперативни тимови

1369418
Помеѓу градовите Сиирт и Ширнак е започната антитерористичката операција „Стапица-7 Карадаг“

На линијата помеѓу градовите Сиирт и Ширнак, во југоисточниот дел на земјата е започната операцијата „Стапица-7 Карадаг“ ("Kapan-7 Karadağ"). 

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека со цел неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се наоѓаат во просторот на засолнување Карадаг е започната антитерористичката операција  „Стапица-7 Карадаг“во која учествуваат 815 безбедносен персонал, 52 оперативни тимови составени од жандармериски командоси, жандармериски специјални сили, полициски специјални сили и безбедносни чувари. 

Со операцијата на теренот лично раководат и управуваат регионалниот командант на жандармеријата на Ширнак, командантот на градската жандармерија на Сиирт и командантот на жандармериската командоска бригада Чакирсогут.

Во соопштението се нагласува дека со поддршка на граѓаните со решителност успешно продолжуваат операциите „Стапица“ против целосно елиминирање на теророт во границите на земјата. 



Слични вести