Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти на нултата точка на сириската граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на воените команданти дојдоа на наултата точка на сириската граница кадешто направија увид на состојбата и беа во обиколка на воените единици распоредени на границата

1369240
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти на нултата точка на сириската граница
akar 2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на копнените и воздушните сили пристигна на нултата точка на границата со Сирија кадешто заедно направија увид на состојбата и беа во обиколка на воените единици, а потоа преминаа во Тактичко-командниот центар на Втората Армија од кадешто се раководи и управува со активностите во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили Умит Дундар и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, овде заедно на лице место беа информирани во врска со текот на операцијата. 

По направениот увид во единиците министерот Акатр заедно со командниот врв премина во тактичко-командниот центар од кадешто се раководи и управува со активностите во подрачјето на Идлиб.

Овде од командантот на Втората Армија генерал полковник Синан Јајла од прва рака беа информирани во врска со ефикасните истрели со топови и други видови артилериски орудија, повеќе цевни ракетни системи и наоружани беспилотни летала (СИХА) коишто продолжуваат да се реализираат без прекин и активностите на маневарските елементи во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести