Хулуси Акар: Успешно продолжува започнатата операција Пролетен штит во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека до денеска се неутрализирани 1 беспилотно летало, 8 хеликоптери, 103 тенка, 72 топови, хаубици, повеќецевни ракетни системи, 3 системи за противвоздушна одбрана и 2.212 војници на режимот

1369390
Хулуси Акар: Успешно продолжува започнатата операција Пролетен штит во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека успешно продолжува операцијата Пролетен штит којашто е започната веднаш по бруталниот напад на 27 февруари во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија.

Акар рече: „До денеска се неутрализирани 1 беспилотно летало, 8 хеликоптери, 103 тенка, 72 топови, хаубици, повеќецевни ракетни системи (тешки артилериски орудија), 3 системи за противвоздушна одбрана и 2.212 војници на режимот.“

Велејќи „Немаме ниту намера ниту цел да дојдеме еден наспроти друг со Русија. Нашата намера е режимот да стави крај на масакрот и да се спречат радикализацијата и раселувањето.“ - Акар го додаде следното: „Нашето очекување од Русија е да го искористи своето влијание режимот да ги прекине своите напади и да се повлече на границите дефинирани со меморандумот од Сочи.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека никој не треба да има сомневање во тоа дека на нападите против нашите единици, набљудувачки пунктови и позиции (во Идлиб) ќе се одговори во рамките на правото на самоодбрана, а воедно го подвлече следното: „Во рамките на правото на самоодбрана наша цел ќе бидат само режимските војници и елементи кои ги напаѓаат нашите единици.“



Слични вести