Ердоган: Турција никогаш нема да ја остави неосветена крвта на своите шехиди (загинати војници)

Претседателот Ердоган истакна дека Турција никогаш нема да отстапи од својата праведна борба и нема да ја остави на земјата (неосветена) крвта на ниту еден свој шехит (загинат војник)

1369354
Ердоган: Турција никогаш нема да ја остави неосветена крвта на своите шехиди (загинати војници)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Турција се наоѓа во историска и суштинска борба од аспект на својата сегашност и иднина.

Ердоган напомена дека Турција никогаш нема да отстапи од својата праведна борба и нема да ја остави на земјата (неосветена) крвта на ниту еден свој шехит (загинат војник).

Велејќи дека деноноќно продолжува да се работи за да се излезе со победа од една борба чии резултати ќе бидат големи најмалку колку оние пред 100 години, зачувувајќи ги притоа интересите на земјата и на народот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна следното:

„Во оваа географија која во текот на историјата секогаш била подложена на окупации и зулуми, делуваме со совест дека ќе платиме многу поголеми сметки ако дури и за еден момент избегаме назад и дури и за еден момент не застанеме во одбрана на нашето единство и заедништво. Додека ја водиме оваа голема борба уште еднаш им посакувам милост од Аллах на сите наши шехиди кои со својата крв овие територии ги направија татковина. Борбата за правда којашто ја водиме против зулумот ќе продолжи до крај. Ридот на шехидите не е празен, нема да остане празен. Турција никогаш нема да отстапи од својата праведна борба. Нема да остане на земјата (неосветена) крвта на ниту еден нејзин шехид. Нема да се заборави ниту едно предавство. Се додека нашиот народ стои покрја нас ќе ја пребродиме секоја тешкотија, ќе им одржиме историска лекција на оние кои мислат дека ќе ја приклештат во ќош нашата земја.“



Слични вести