Чавушоглу во Доха разговараше со својот американски колега Помпео за ситуацијата во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во главниот град на Катар, Доха, се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого разговараа за ситуацијата во Идлиб

1369271
Чавушоглу во Доха разговараше со својот американски колега Помпео за ситуацијата во Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во главниот град на Катар, Доха, кадешто престојуваше за учество на церемонијата на потпишување на договорот со којшто ќе започне мировниот процес помеѓу САД и Талибан, се состана со својот американски колега, државниот секретар Мајк Помпео.

Чавушоглу, по остварената средба во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: "Со Помпео направивме проценка на последната ситуација во Идлиб. Ги повторивме прашањата коишто беа разгледани во вчерашниот остварен телефонски разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп."



Слични вести